„Превртени приказни“, две театарски претстави од деца за деца

Колективот „Ветерница“ ја најавува премиерата на две театарски претстави од деца за деца под заеднички наслов „Превртени приказни“.

Претставите ќе се одржат во МКЦ  во Кино Фросина во среда (27.05) во 18:00 часот.

„Превртени приказни“ се плод на заедничка соработка помеѓу едукаторите од Ветерница и децата од колективот, која се случуваше изминатата година на часовите по танцов театар.

Претставите се олицетворение на еден поинаков невербален театар, разбирлив за сите, театар кој го истражува секојдневнието и ги раскажува невидливите нешта.

Учествуваат: Маша, Јана, Матеа, Дениција и Симона, Јована, Кики, Кико, Теодора, Иван, Марија и Матеа. Дизајнот е на Велимир Жерновски и Ангела Маневска, а костимографијата на Маја исногуд.

Резервација на билет може да се направи преку мејл на veternicainfo@gmail.com или на телефоните 075 375 018 или 077 465 963.

Ветерница е уметнички колектив создаден со заедничка цел за поттикнување на личниот развој преку работа во група и користење на креативната енергија со употреба на техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар.