Претставување на кампањата за спречување на насилството на спортските натпревари

Денес, во „ГЕМ клубот“, со почеток во 14:00 часот, ќе се оддржи прес-конференција која ќе го означи крајот на проектот „Навивај без омраза”, проект кој беше спроведен од 10 млади активисти, новинари и студенти а беше финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Албанија.

На оваа прес-конференција ќе се презентираат активностите на проектот, како влијанието на социjалните мрежи во спречувањето на говорот за омраза, претставување на кампањата против насилството на спортските натпревари и презентација на видео материјал.

Сите активности на проектот „Навивај без омраза“ се одвиваа во периодот септември 2016 – февруари 2017. Повеќе информации за проектот „Навивај без омраза“ можете да се најдат на Фејсбук фан страната.

„Навивај без омраза“ е иницијатива кој има за цел да го спречи и да се справи со говорот на омраза и насилството помеѓу навивачите. Идејата за овој проект произлегла за време на работилницата „Спречување на насилниот екстремизам“ (CVE) одржана во месец јули 2016 во Драч, а организирана од страна на Центарот за Соработка и Медијација (IDM) од Албанија.