Претставување на можностите и придобивките од стипендијата Чивнинг

Во среда, на 24 септември во хотел Стонбриџ – Скопје се организира настан за одбележување на достигнувањата и придобивките од стипендијата Чивнинг.

Претставување на можностите и придобивките од стипендијата Чивнинг

На настанот ќе бидат претставени можноститете на Чивнинг, процесот за аплицирање за новите апликанти, а е планирана и сесија за прашања од заинтересираните канидати.

Отворањето со свое обраќање ќе го направи британскиот амбасадор, а презентација ќе имаат поранешните стипендисти од програмата Чивнинг кои достигнале висок професионален подем.

Како што посочуваат организаторите, освен претставување на можностите за аплицирање и придобивките од стипендијата Чивнинг, ќе се зборува и за профилите на потенцијалните кандидати за стипендија.

Рокот за аплицирање за стипендијата Чивнинг е отворен до 15 ноември 2014. На конференцијата се поканети и претставници од британската амбасада, државните институции и јавната администрација, стопанските комори, универзитетите и студентските сојузи, политичките партии и невладините организации, поранешни стипендисти од Македонија.