Претстави на Струмичкиот и Охридскиот театар на МТФ „Војдан Чернодрински“

На програмата на 50-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ денеска се две претстави во официјалната конкуренција за награди и промоција на театарска литература.

Напладне во фоајето на Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе бидат промовирани драми од Владимир Костов и Димитар Ќостаров. Промотор е театрологот Ана Стојаноска.

Од 19 часот во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“ ансамблот на Народниот театар од Струмица ќе ја изведе претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Од 22 часот, пак, во Прилепскиот народен театар публиката ќе ја гледа претставата на театарот од Охрид – „Детектор за лаги“ од Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов.

Извор