Претставени ефективни мерки против загадувањето на воздухот на Глобалниот самит во Женева

На првиот Глобален самит за загадување на воздухот и здравство во Женева, експерти и владини претставници од целиот свет се собраа за да изнајдат решение за глобалната епидемија на загадување на воздухот.

Во извештајот објавен вчера на самитот, Коалицијата на ОН за животна средина, клима и чист воздух предложија 25 ефективни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Во нивниот извештај, „Загадувањето на воздухот во Азија и Пацификот – Решенија базирани на наука“, тие покажуваат како овие 25 решенија може да го подобрат животот на милиони луѓе низ Азија и Пацификот.

Во продолжение, прочитајте дел од мерките, кои би можеле да се применат во секој град што се соочува со загадувањето на воздухот:

-Воведување на најнови мерки за намалување на емисиите на сулфур диоксид, азотни оксиди и цврсти честички кои се ослободуваат од централите и големите индустрии.

-Воведување на напредни стандарди за емисии во индустриите, како што се железо и челик, фабрики за цемент, производство на стакло, хемиска индустрија итн.

-Зајакнување на сите стандарди за емисии од возилата; посебен фокус на регулирање на лесни и тешки дизел возила.

-Спроведување задолжителни проверки и поправки за возила.

-Намалување на изградба на нови патишта, а со тоа и прашината која би се создала – да се зголемат зелените површини.

-Управување со остатоците од земјоделството, вклучувајќи строга примена на забранa за горење на отворено.

-Исто така, строги забрани за горење на отворено на отпадот од домаќинството.

-Спречување на пожари во шуми и тресет преку подобрени стратегии за шуми, копно и водостопанство и стратегии за спречување на пожари.

-Воведување на покриено складирање и ефикасна примена на ѓубриво; поттикнување на анаеробна дигестија.

-Подобрување на ефикасноста и воведување стандарди за емисија од камени печки.

-Воведување на бои со низок раствор за индустриски и приватни потреби.

-Користење чисти горива при готвење – електрична енергија, природен гас, течен нафтен гас во градовите, современи печки за готвење и греење со биомаса во рурални средини, замена на јаглен со брикети.

-Префрлување кон обновливи извори за производство на електрична енергија. Користење стимулации за поттикнување на проширена употреба на ветер, соларна и хидроенергија за производство на електрична енергија и постепено отстранување на најмалку ефикасните централи.

-Подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Користење стимулации за подобрување на енергетската ефикасност на апаратите за домаќинство, згради, осветлување, греење и ладење, поттикнување соларни инсталации на покривот.

-Воведување на амбициозни стандарди за енергетска ефикасност за индустријата.

-Промивирање на употребата на електрични возила.

-Поттикнување на пренасочување од приватни патнички возила кон јавен превоз.

-Поттикнување на централизирано собирање на отпадот со одделување и третман на изворите, вклучувајќи користење на гас.

-Поттикнување на наизменична аерација на континуирано поплавените оризови полиња.

-Третман на отпадните води.

-Подобрување на ефикасноста на постоечкото ископување на јаглен.

-Подобрување на постојното производство на нафта и гас.

Извор: Climate Tracker