Претставен јапонскиот андроид Ерика

Професорот Hiroshi Ishiguro од Универзитетот во Осака, познат по создавањето роботи со човечки лик во изминатата деценија, деновиве го покажа пред јавноста новиот и за промена, мошне реален робот – Ерика.

Последниот период Ishiguro бил фокусиран на тоа неговите роботи освен што ќе изгледаат реално, да имаат и подобрени говорни вештини, како и јазик на телото близок на човечкиот.

Направен во соработка меѓу Јапонската агенција за наука и технологија, Универзитетот во Осака, Напредниот телекомуникациски меѓународен истражувачки институт и Универзитетот во Кјото, Ерика беше претставена во Мираикан, Националниот музеј на новите наука и иновации во Токио, на почетокот на месецов.

Невербалните експресии кај Ерика вклучуваат трепкање со очите, движење на лицето и главата, вклопени во јапонскиот стил на комуникација.Андроидот дури го изговара и неформалното „ууууунннн“, збор кој од јапонски се преведува со „навистина?“.

Ishiguro, е најпознат е и по тоа што направи андроид кој е негова копија . Тој и неговиот тим тврдат дека Ерика исто така може да ги препознава шемите на говорење и невербалните забелешки кај својот соговорник.