Претставата „Венера во крзно“ ќе се игра во „Кино Култура“

Во „Кино Култура“ на 19 април (петок) од 20 часот, а потоа и на 22 и 24 април, ќе се одржува претставата „Венера во крзно“.

„Венера во крзно“ е драма на познатиот американски автор Дејвид Ајвс, за прв пат изведена во 2010 година на Off–Broadway.

Станува збор за еден од најизведуваните текстови во последните седум-осум години. Во 2013 година имаше и своја филмска верзија на Роман Полански.

Режијата на домашната претстава е на Ивана Ангеловска, а играат Ивана Павлаковиќ и Благој Веселинов.

Претставата „Венера во крзно“ е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори. Проектот е поддржан од општина Центар и Министерството за култура.

Заинтересираните можат да да резервираат билети на е-адресата kinokultura2015@gmail.com или преку ФБ страна во порака. Цена на билет е 300 денари.