Вечерва (29 октомври), во рамки на Меѓународниот театарски „Скупи фестивал 2015“ на сцената на МКЦ, со почеток во 20 часот ќе се прикаже претставата „Паночка“ на рускиот театар од Перм, „У моста“.
Театарот „У моста“ е еден од најпознатите руски театри, еден од десетте најдобри театари во Руската Федерација според „Форбс“, кој го носи епитетот „единствениот мистичен театар во светот“. Основач на театарот е Сергеи Федотов, воедно режисер на претставата, а неговите дела претставуваат мост помеѓу реалното и надреалносто, секојдневнието и мистика, свесноста и интуитивноста.
Артистичкиот метод на Федотов цели кон продолжување и продлабочување на традицијата на рускиот психолошки театар, збогатен со откритијата на школите на Михаил Чехов и Ежи Гротовски.
„Паночка“ соединува хорор, комедија и филозофска алегорија. Во 1990 година, веднаш откако „Паночка“ е поставена на сцена, театарот стекнува статус на мистичен театар и ги носи натприродните сили на сцена.