Претставата „Македонска приказна“ вечерва на „Гола месечина“

Со изведба на претставата „Македонска приказна” на Театарот за деца и младинци, а во режија на Боњо Лунгов, вечерва завршува натпреварувачкиот дел на третото издание на интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина”.

Во среда (29 јуни), фестивалот ќе заврши со претставата на Театар Комедија „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, кога ќе бидат прогласени и победниците. За наградите одлучува тричленото жири составено од Лилјана Мазова – претседател на жири, Славен Видак (БиХ) – член и Димче Николовски – член.

Фестивалот започна на 20 јуни, во организација на „Театар Комедија“, а со поддршка на Општина Аеродром и Министерството за култура.