Претставата „Кристофер Колумбо“ вечерва на Скопско лето

Во рамки на „Скопско лето“, вечерва (9 јули), во Драмскиот театар ќе биде изведена претставата „Кристофер Колумбо“ на Мирослав Крлежа, а во режија на Љубиша Георгиевски.

Во претставата играат актерите Рубенс Муратовски, Роберт Вељановски, Александар Стефанулески, Димитрије Доксевски. Музиката е на Венко Серафимов.

Во Кафе киното, во Сули ан, од 21 часот ќе биде прикажан романскиот филм „Аферим“, во режија на Раду Жуде.Во Кафе киното, пак, во Сули ан, од 21 часот ќе биде прикажан романскиот филм „Аферим“, во режија на Раду Жуде. Филмот доби награда за најдобра режија на фестивалот во Берлин.