Претставата „Кандид во земјата на чудата“ достапна на Јутјуб каналот на Драмски театар

Претставата „Кандид во земјата на чудата“ од писателот Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски, вечерва со почеток од 20 часот ќе биде достапна на Јутјуб каналот на Драмски Театар.

Претставата, чија премиера се одржала во 2000 година, играат Драган Спасов-Дац, Бранко Ѓорчев, Билјана Беличанец, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Сашо Тасевски, Ирена Ристиќ, Гордана Ендровска, Калина Наумовска, Билјана Драгичевиќ и Рубенс Муратовски.

Претставата ќе биде достапна тука.

Од вчера, на каналот на Драмски театар достапна е и претставата „Огнени јазици“, од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски.

Од театарот велат дека сите претстави кои ќе имаат своја „онлајн премиера“,  ќе бидат достапни на каналот и во иднина.