„Претстава без наслов“ на Лорка доби крај 80 години после неговото убиство

Осумдесет години откако Федерико Гарсија Лорка беше убиен на почетокот од Шпанската граѓанска војна, недовршена претстава на поетот и драматург е конечно комплетирана и доби наслов.

Лорка го има напишано само првиот чин од претставата која сега има три чина. Делото досега беше познато како „Комедија син титуло“, или Претстава без наслов.

После осум децении, друг шпански писател, Алберто Конехеро, продолжи таму каде што Лорка завршил, додавајќи два чина на претставата која сега го има насловот „Ел Суењо дел Вида“, или „Сонот за живот“.

Конехеро вели дека претставата, која ќе се смета за последен дел од надреалистиччниот циклус дела на Лорка, нема изгубено ништо од политичките пораки и покрај „креативниот застој“.

„Тоа е претстава за улогата на театарот кога се соочува со социјална катастрофа, но е и за потребата од фикција и поезија во свет на урнатини“, вели Конехеро за Guardian.

Додава и дека иако бил опседнат со претставата со години, моменталната политичка состојба го поттикнала на акција.

„Ја исполнува улогата на театарот во време на социјална криза и за време на порастот на фашизмот, и мислам дека е особено потребна сега“, заклучува писателот.