Претседателот на Перу уапсен откако најави распуштање на конгресот

Претседателот на Перу Педро Кастиљо беше уапсен неколку часа откако објави привремено распуштање на конгресот. Кастиљо во телевизиски говор рече дека ќе побара конгресни избори за да се одобри новиот устав. Најавата беше објавена неколку часа пред тој да се соочи импичмент во конгресот.

Претседателот беше уапсен по говорот, а видеата на социјалните мрежи покажаа дека Кастиљо е уапсен на улица од страна на полицијата.

Во меѓувреме, пратениците продолжија да гласаат за отповикување на Кастиљо, и покрај неговата најава. Како нова кандидатка за преземање на претседателската функција беше именувана Дина Болуарте.

Распуштањето на конгресот беше осудено од политичките сили, вклучително и партијата што го донесе на власт – „Перу Либре“, а потоа следеа серија оставки на кабинетот.

Кастиљо помина низ две неуспешни отповикувања. Тој се соочува со истрага за наводно кривично дело поврзано со „криминална организација“, но Кастиљо ги отфрли обвинувањата, велејќи дека сакаат да го сменат „групи од економски интерес“.