Претходно необјавен роман на Симон Де Бовоар, ќе биде достапен за читателите после 75 години

„Les Inséparables“ е роман кој го обработува пријателството помеѓу Бовоар и Елизабет „Заза“ Лакојн, но се сметал за премногу интимен за да биде објавен во 1954 година.

Во 2021 година, на англиски ќе биде објавен роман на француската авторка и феминистка, Симон Де Бовоар, за кој се сметало дека е премногу интимен за да биде објавен за време на нејзиниот живот.

Напишан во 1954 година, пет години по објавувањето на нејзиниот револуционерен манифест „Вториот пол“, „Les Inséparables“ ја разкажува приказната за две девојки кои започнуваат страстно пријателство и бунтуваат против културолошките норми.

Издавачката куќа „Винтиџ“ која ќе го објави романот при крајот на 2021 година, го опишува делото како „пријателство помеѓу две млади жени кои се борат против конвенционалните идеи за парижанката на дваесеттиот  век – чиста, посветена, послушна и должна уште од рана возраст да ги тргне настрана сопствените интереси и страсти“.

Приказната во романот е базирана на вистинското пријателство помеѓу Елизабет „Заза“ Лакојн, со која Бовоар се запознала за време на школските денови.

„Вистинското, интензивно и формативно пријателство ја изградило Бовоар во жената која ја знаеме, но додека тоа за неа било ослободувачко, Заза не успеала да го надмине“, соопштила „Винтиџ“.

Заза починала на 21 година, откако нејзиното семејство жестоко се спротивставило на нејзината врска со филозофот Морис Мерло-Понти, кој таа го запознала преку Бовоар.

Според издавачката куќа „2Сис“, оваа книга била премногу интимна за да биде објавена за време на животот на Бовоар, но романот неодамна бил откриен од нејзината ќерка Силви Ле Бон -Де Бовоар, која го напишала предговорот.

„Кога го напиша романот во 1954, Симон веќе го имаше пронајдено својот глас во пишувањето. Таа уништи некои дела кои не и се допаѓаа, но не го уништи ова. А што се однесува до нејзините есеи и трудови, ми рече да постапам по моја проценка“, истакнала за „Њујорк Тајмс“ Ле Бон Де Бовоар.

„Les Inséparables“ ќе биде објавен во Франција во октомври оваа година, додека англиската верзија се очекува да биде објвена кон крајот на 2021 година.

Извор: Dazed&Confused