Претфестивалска журка со „МакеДокс“ во „Кула“

Интернационалниот фестивал на креативни документарни филмови „МакеДокс“ организира претфестивалска ритам-журка во „Кула“ на 17 јуни во 20.00 часот. Организаторите на фестивалот повикуваат секој да си го понесе својот ритам и да донесе свој инструмент или предмет. Забавата музички ќе ја поткрепи и диџеј Шурбе.

„На журката ќе дознаеш нешто повеќе за програмата и новитетите на годинешниот „МакеДокс“. Како на пример, дека шестото издание на „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 26 јуни 2015 во Куршумли ан, МКЦ и Музејот на холокаустот. Или дека сите студенти со индекс в рака ќе може да ги гледаат сите проекции во Куршумли ан со студентски блок-билет по промотивна цена од 600 денари. Блок-билет имаме и за оние без индекс – за 900 денари. Ќе имаме и изложба – шаренило од сите досегашни промо-материјали на „МакеДокс“, стои во најавата. 

Пијалаците во Кула се на донации.