Престижен универзитет ја брани студентката што снимала филмови за возрасни

Еден од водечките американски универзитети, Duke изрази јавна поддршка за студентката која работела како порно актерка за да си ја плати школарината, ссопштувајќи дека таа не прекршила никакви правила.

Бруцошката, која во филмовите за возрасни настапува под името Belle Knoxдоби огромно внимание неколку дена откако  нејзин колега ја разоткри пред другарите од неговото братство на универзитетот, препознавајќи ја на снимка на веб-страницата за возрасни „FacialAbuse.com“.

Портпаролот на универзитетот Duke, кој е меѓу најпрестижните американски колеџи, изјави дека федералниот закон му забранува да коментира индивидуални случаи, но истакна дека студентката не прекршила ниедно од неговите правила.

“Во стандардите на Duke нема никакви ограничувања за вработување надвор од универзитетот”, изјави портпаролот. Тој исто така истакна дека финансиската помош е достапна за секој студент кој навистина има потреба од неа, како и дека над половина од студентите добиваат некаков вид на финансиска помош.

Студентката објасни дека се бавела со порно за да си ги плати студиите, за кои годишниот надомест изнесува 47.000 долари. Во исто време, таа изјави дека воопшто не се срами од порно-кариерата, дури напротив – сака да го прави тоа.

“Живееме во општество во кое се ограничуваме толку многу, секој ден. Ни се вели дека сексот е нешто лошо. Ни се вели да не ги покажуваме своите тела и ова навистина е точно за жените”, изјави порно студентката за CNN. Околу нејзините почетоци во бизнисот, таа раскажува:  “Буквално гуглав „како да станеш порно-ѕвезда. Се појавија агенции за модели, на кои им испратив мои слики, заедно со информации за мојата висина и тежина. Добивав понуди за работа буквално секој ден“.

Случајот предизвика огромно внимание на интернет – изминатата недела на Google имало повеќе пребарувања за Belle Knox, отколку за папата Франциско и Justin Bieber заедно.

Извор