Преспанскиот херој Јанкула се вработи, ќе организира натпревари за лица со попреченост во Ресен

Младиот Васил Јанкула, кој по минатогодишниот велосипедски предизвик во јавноста стана познат како „Херојот од Преспа“, станува дел од тимот на Општина Ресен.

Тој ќе биде ангажиран за помагање во организирање на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби.

Од Општина Ресен очекуваат дека Јанкула ќе помогне во унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет.

Младиот спортист лани покажа дека луѓето со церебрална парализа ги остваруваат своите соништа. За само една недела ја заокружи својата најголема тура низ државата, со својот трицикл.

Приказната за Васил погледнете ја во видеото на Радио МОФ:

Преспанскиот херој Васил Јанкула

Младиот Vasil Jankula покажа дека луѓето со церебрална парализа ги остваруваат своите соништа. За само една недела ја заокружи својата најголема тура низ државата, со својот трицикл.Приказната за Васил и неговиот подвиг погледнете ја во видеото на Радио МОФ

Posted by Радио МОФ on Friday, 31 May 2019