Прес конференција на МОФ – анализа и препораки за екстерното оценување

Младински образовен форум (МОФ) организира прес-конференција на која ќе ги претстави своите анализи и согледувања за целите и начинот на спроведување на екстерното оценување во Македонија.

Прес конференција на МОФ – Анализа и препораки за екстерното оценување

Прес-конференцијата ќе се одржи на 19.06.2013 година (среда), во 12 часот во просториите на Младински образовен форум на адреса: Дренак 34-А, Скопје.

Покрај анализата на податоците до кои дојде МОФ, на прес-конференцијата ќе бидат објавени и конкретни препораки и барања до надлежните институции.

Пред неколку дека МОФ појасни на кој начин незадоволните ученици можат да поднесат приговор доколку се незадоволни од резултатите на екстерните тестови. Екстерното тестирање за првпат се спроведе оваа учебна година, а беше проследено со големи ученички протести во повеќе македонски градови.