Преовладува оптимизмот за „Здраво Млади“, британското постпанк трио „Shopping“ на јубилејното издание на фестивалот

Скопскиот летен фестивал „Здраво Млади“, кој оваа година ќе го оддржи своето јубилејно 10 издание, најави дека на 27 август се очекува 12 часовно забавување со најсвежите музичари од алтернативната сцена.

Оттаму велат дека будно ја следат целата ситуација со коронавирусот, но дека преовладува оптимизмот за јубилејот на „Здраво млади“.

Досега за ова овогодинешното издание на фестивалот се најавени данските инди-рокери „Efterklang“, психоделичниот состав од Истанбул, „Lalalar“ и „Viagra Boys“ од Шведска.

На програмата се придужуваат и „Shopping“, британското постпанк трио, составено од Rachel Aggs, Billy Easter и Andrew Milk. Бендот прави минималистичка диско-панк музика инспирирана од „ESG“, „Gang of Four“, „Slits and Au Pairs“.  Тие имаат издадено четири албуми, „Consumer Complaints“, „Why Choose“, „The Official Body“ и најновиот албум, „All or Nothing“, кој силно се потпира врз синтисајзери и тапани, но застанува пред да ја редефинира групата како synth-pop. Оваа група отсекогаш функционирала како чиста музичка демократија, нејзините составни делови прекрасно се заклучувале заедно како сложувалка, без ниту една компонента совладувајќи ја другата.

Early bird билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и online.