Пренос во живо од обраќањето на Александар Матовски – Цако во седиштето на ООН во Њујорк

Првиот македонски студент со Даунов синдром Александар Матовски – Цако, денеска ќе говори на Светската конференција во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, каде ќе ја раскаже својата приказна.

Преку примери за неговата редовна вклученост во образовниот систем,  социјалната интеграција, поддршката од институциите и околината, Александар ќе се обиде да покаже и истакне дека  токму овие елементи се најважни во развојот на децата, младите луѓе и можноста во иднина да бидат независни и самостојни возрасни. Тој на оваа конференција е во придружба на својата сестра Марија.

Со техничка поддршка на ФИНКИ, во амфитеатарот, обезбеден е директен пренос на конференцијата, која ќе почне во 16 часот. Обраќањето на Цако се очекува да почне по 16:30 часот.

Цако е студент на Педагошки факултет, а пишува и поезија. Често е ангажиран на проекти врзани со лицата со пречки во развојот во Македонија, а ја води и авторска емисија „Јас сум Цако“ на Радио МОФ, посветена на младите со посебни потреби.

Неговото обраќање може да се проследи овде: