Премиера на театарската претстава „Рододендрон “ во Струга

Премиерата на театарската претстава „Рододендрон“ ќе се одржи утре во домот на култура „Браќа Милдиновци“  во Струга, со почеток во 20 часот.

Премиера на театарската претстава „Рододендрон “ во Струга

„Рододендрон“ е приказна за Богдан ( сопственик на свадбен салон наречен „Рододендрон“) кој покрај сопругата има и љубовница која на крајот ќе го напушти и ќе се омажи за неговиот најдобар пријател. Низ драмата присутен е и млад тинејџерски пар кој го прикажува животот на младите во денешно време.

Претставата „Рододендрон“ е дело на Ана Багарјана и е во режија на Ристе Миладинов. Таа е современа траги –комедија која го прикажува современиот живот на малограѓанството во денешни услови.

Улогите ги толкуваат – Имер Асоски (Богдан) , Ристе Миладинов (Виктор), Илија Ќосески (Мартин), Мишела Спироска (Пољја) , Бојан Крстески (Макс), Мартина Кочоска (Галина) и Софија Ставреска (Василина).

Влезниците се ограничени.

Даниел Шикоски