Премиера на шведскиот документарен филм „Разделба“ вечерва во Кинотека

Амбасадата на Шведска, вечер и утревечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија премиерно ќе го прикаже шведскиот  документарен филм „Разделба“ во режија на Карин Екберг, снимен во 2014 година.

Во својот прв документарец, Карин Екберг со камера ги следи своите родители за време на една година од нивните животи. „Разделба“ е трагикомедија која го отсликува последниот чин на брак кој траел 38 години. Во главните улоги се Лена Екберг и Шел Петерсон.

Филмот е со превод на македонски и на англиски. Влезот за проекцијата е бесплатен, билети треба да се резервираат телефонски во Кинотеката.