Премиера на „Секс, лаги и главоболки“ во Театар Комедија во четврток

На 22 мај, четврток, во Театар Комедија претставата „Секс, лаги и гавоболки“ режирана од Александра Кардалевска, ќе ја има својата премиера. Таа е во колективно авторство, инспирирана од животни искуства.

„Претставата нуди смеа, препознавање и моменти за размислување, оставајќи го гледачот со чувство дека бил дел од еден жив, вистински и емотивен свет“, истакнуваат од Театар Комедија.

Како што раскажуваат оттаму, претставата е динамична, духовита и емотивна, со леснотија се движи на тенката линија помеѓу хуморот и драмата, но секогаш останува искрена и блиска до животот.

„Преку четири различни приказни што ќе ја разголат комплексноста на љубовните односи – од комични недоразбирања до болни откритија – четворица актери мајсторски толкуваат повеќе ликови, поставени во парадоксални ситуации на нивните љубовни односи, брачни предизвици и неверства“, наведуваат од театарот.

Сценографијата, костимите и визуелниот дизајн е на Онур Озџан. Дизајнот на светлото на Душан Кардалевски, музиката – Оливер Јосифовски, Давор Јордановски и Михајло Михајловски. Драматург е Благица Секулоска.

Во „Секс, лаги и гавоболки“ играат Жаклина Петровска, Елена Кузманов, Тони Денковски и Сергеј Димовски, глас – Жаклина Стевковска Дрнасин.

Никола Николовски и Војдан Запров ја изработиле сценографијата, а инспициент е Александар Јорданов. Гардеробери се Љупчо Атанасоски, Елизабета Стојчева и Каролина Билјароска, светло мајстор – Слободан Илиоски, а тон мајстор Томи Анчов. Зорица Манаскова е суфлер, Жаклина Петковска – реквизити. Проектен менаџер е Ирина Ацеска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам, како и пријателите на претставата:  Rinocca, Smart Living, KARE, Okkia, 11i11 Saat, Fokabo, Jameson, iSTYLE, Tikves, Urma, Kinetics, Optika MM, Relisys, Alka Films, Oaza Bonsai Nursery.