Премиера на претставата „Љубовници“ во Драмскиот театар

Претставата „Љубовници“, по текст и во режија на актерката Катарина Коцевска премиерно ќе биде одиграна во во сабота, 28 февруари, во Драмскиот театар во Скопје.

Претставата „Љубовници“ е современа, урбана љубовна приказна и во неа играат актерите Билјана Беличанец Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов Дац и Маја Вељковиќ Пановска.

Претставата е копродукциска и ќе се биде ставена на редовниот репертоар на Драмски. За помлади од 16 години не е дозволена, ќе може да ја гледа само повозрасната публика.

Драмски театар во март, што го прогласи за Месец на театарот, секој ден ќе игра по една претстава за која билетите ќе чинат 100 денари, освен ако не се купат на денот на изведбата кога ќе бидат 150 денари.

На 4 март Драмски ќе одбележи 50 години од вселувањето во постојниот објект кој е донација на британската влада, а датира од 1965 година. Тогаш ќе се игра претставата „Ждрело“, а картата ќе чини само 50 денари.

На 27 март, кога се одбележува Светскиот ден на театарот, се предвидени три изведби, забави и изложби на книги и уметнички дела. Воедно Театарот ќе биде и бесплатно отворен за сите негови љубители, информира директорот Роберт Вељановски.