Премиера на „Подемот и падот на кабарето“ во МНТ

Премиера на новата претстава на режисерот Владимир Милчин – “Подемот и падот на кабарето“ ќе се одржи во сабота, на 29 јуни, во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар.

Претставата е работена според „Зелениот папагал“ од австрискиот писател Артур Шницлер, „Протестен собир“ и „Војна“ од Лудвик Тома и стихови од Бирнбаум, Демел, Крисинска, Лаутенсак, Лилиенкрон, Меринг, Рипшен, Хармс и Хиан.

Настапува екипа од 23 актери, меѓу кои и Тони Михајловски, Емил Рубен, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Владимир Ендровски-Љац, Арна Шијак, Сашко Коцев, Гораст Цветкоски, Јордан Симонов, Нино Леви, Ивица Димитриевиќ и други.

Сценографијата е на Крсте С. Џидров, костимографијата на Марија Пупучевска, а „Подемот и падот на кабарето“, Милчин ја донесува по поставувањето на „Чекајќи го Годо“ од Семјел Бекет на сцената на Турскиот театар, претстава за која беше награден за најдобра режија на седмото издание на „Јоаким интерфест“ во Крагуевац, Србија.

Извор: Нова ТВ