Премиера на македонскиот филм „Збор“ во кино Милениум

Филмот „Збор“ во режија на Слободан Деспотовски премиерно ќе биде прикажан во четврток, 29 октомври во 20:00 часот, во киното Милениум.

Улогите во филмот ги толкуваат плејада одлични македонски актери: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.

Денешно време, Република Македонија. Приказна за двајца пријатели: Горди, Евреин, трговец со антиквитети и Арно, некогашен легионер (француска легија на странци), а сега авантурист. Двајцата се Белгијци, но по потекло се од Република Македонија. Горди го напуштил Антверпен, Белгија, и се вратил да живее таму кајшто е роден. Арно доаѓа да го посети Горди во Македонија, во неговата антикварница.

Двајцата се спријателиле пред многу години, кога во Анверс, Арно го спасил Горди од група хулигани, неонацисти, кои го тепале Горди зашто е Евреин. Горди е религиозен човек што ги почитува законите, човек што е загрижен за иднината на својата ќерка Александра. Од друга страна, Арно е човек што не почитува ни вера ни закон. Единствено нешто што го интересира се парите.

Приказната меѓу нив се заплеткува кога ќе се отвори прашањето за вистинскиот татко на Александра…