Премиера на македонскиот филм „Лазар“ на Скопје филм фестивал

Скопје филм фестивал најави дека и годинава на програмата има нов македонски игран филм, а скопската премиера на „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски ќе се одржи во понеделник (25 април), во киното Милениум.

Во актерската екипа се: Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Красимира Кузанова и Александар Сано, двајцата од Бугарија. Дејствието на овој филм се одвива околу илегалниот транспорт на мигранти и бегалци. Откако таткото на Лазар го напушта семејството, тој мора брзо да порасне и почнува да се занмава со шверцување емигранти преку грчко – македонската граница. Но се’ ќе се промени кога ќе се вљуби во Катерина и ќе реши да го напушти светот на криминалот. Автор на сценариото е Светозар Ристовски.

„Лазар“ е копродукција на Македонија, Хрватска, Бугарија и на Франција и македонската пубика има можнст да види дело на режисерот Ристовски по 11 години пауза од неговиот игран филм „Илузија“.

Својата светска премиера филмот ја имаше на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, а учествувал и на фестивалите „CinEast Film Festival“ и „Santa Barbara International Film Festival“.