Премиера на краткиот филм „Тука сум“ на Стефан Божиновски во МКЦ

Во вторник (5 октомври) во Џебното кино при Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм „Тука сум“, во режија на Стефан Божиновски.

Се работи за аматерски, студентски и прв филм на Божиновски, кој говори за една семејна драма.

„Тема од која многу семејства бегаат, не сакаат да ја зборуваат, ја игнорираат или пак ја негираат, заборавајќи дека на тој начин ги негираат и туркаат од себе сопствените деца“, се вели во соопштението.

Главната улога ја игра младиот актер Мартин Ѓоргоски кој е студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како родители на неговиот лик се актерот Предраг Павловски и актерката Тања Кочовска.

„Тука сум е приказна за несреќата што општеството ја носи во семејството. Приказна за мала, светла искра во темнината. За одење во екстреми во безизлезност и безумност. Тука сум е приказна во која секој може да препознае нешто лично или блиско“, се наведува во најавата за премиерата.

Задолжително е носење на сертификати за вакцинација и заштитни маски.