Премиера на „Каде е мојот дом“ и дискусија во „Сенки и облаци“

Премиерата на документарниот филм „Каде е мојот дом“ во Македонија ќе биде утре (среда, 29 јануари) од 17 часот во театарот „Сенки и облаци“. Проекцијата ќе биде придружена со кратка дискусија.

„Слаѓан и Драган се двајца младинци чие растење било поразлично од растењето на поголемиот број нивни врсници. Двајцата многу рано дошле во дом за деца без родителска грижа во Белград, место кое требало да им пружи закрила од семејните проблеми. По скоро 20 годнини од нивното доаѓање во домот, тие се присеќаваат на најраните денови од своето детсво, првите впечатоци од домот, искуствата кои влијаеле на нивното формирање како личности, релациите со другите деца и воспитувачите, добрите и тешките моменти, предизвиците и пречките низ кои морале да поминат по започнувањето на самостојниот живот. Низ нивните приказни се провејува еден посебен поглед кон растењето и семејството, пријателството и љубовта, страдањето и осаменоста, храброста и истрајноста“, се вели во најавата за документарецот.

Документарниот филм е во продукција на Белградскиот центар за човекови права, со поддршка од партнерите во региналниот проект „Социјално зајакнување на млади во ризик“: Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Јувентас – Црна Гора, Лавиринт – Косово, Превент – Србија, Маргина – Босна и Херцеговина и АРСИС – Албанија.