Премиера на филмот „Скора“ во кино Карпош

Утре (27 декември) со почеток од 21 часот во киното Карпош, љубителите на краткометражниот филм ќе имаат можност уживаат во премиерата на долго очекуваниот филм „Cкора“.

Филмот е во режија на James Honeycutt и продукција на Кристина Илиевска, а во главните улоги се Јелена Јованова и Наташа Петровиќ, придружувани од Владимир Петрович и Стефан Вујишиќ.

Во филмот станува збор за две пријателки, во околината на Скопје, чекаат да се случи нешто што ќе ги разреши нивните дилеми. Едно интроспективно патување зачинето со измислена етимологија, филозофија, и камења со кои се поврзуваат.