Премиера на детската претстава „Зајакот во театар“ во Струга

Во недела (29 септември) во 19 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, Драмското студио „Миладин“ -Струга во големата сала на Центарот за култура,  премиерно ќе биде прикажана детската претстава „Зајакот во театар“ во режија на Ристе Миладинов.

Премиера на детската претстава „Зајакот во театар“ во Струга

Улогите ги толкуваат Даниел Шикоски (Ловецот Мартин ), Марија Дурацоска (Убавка) Елена Столеска ( Ирина -Сестра на Убавка), Анастасија Тотовска (Матеја-Сестра на Убавка), Методија Столески (Зајакот), Бојан Крстески (Кучето Шаро), Мартина Кочоска (Лисицата), Матеја Миладинова (Малото Лисиче), Софија Ставреска(Мечо), Сара Стефановиќ (Волчо), Ристе Миладинов (Страхил-Татко на Убавка) Марија Ангелкоска (Елвис) и Јована Беќароска (Камило).

Во драмата „Зајакот во театар“ се зборува за Убавка и ловецот Мартин кои се сакаат, но Страхил,таткото на Убавка не ја одобрува таа врска па сите животни од шумата се договараат да им помогнат на Мартин и Убавка, За таа цел се договараат како да го „наседнат“ Страхил, односно како да го исплашат за да им дозволи на Убавка и Мартин да направат свадба.

Драмата „Зајакот во театар“ е една од многуте драми на Драмското студио „Миладин“ од Струга кое постои 103 години и го одржува драмскиот живот во градот, под раководство на Ристе Миладимов кој е потомок на „Браќата Миладиновци.“

Драмското студио Миладин на годишно ниво спрема просечно по пет премиери од кои три за деца и две за повозрасната публика, како и повеќе репризи.