Премиера на „Бакнати од сонцето“ – театарска претстава подготвена од лица со интелектуална попреченост

Членовите на „Театар Пи“ Златко Митрески и Македонка Илиевска изминатиов период работеа со лица со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“. Резултатот е мултимедијалниот проект „Бакнати од Сонцето“ кој утревечер, 26 мај, во 20 часот ќе биде прикажан во НГМ, објект Мала станица , Скопје. Влезот е слободен.

Низ серија на специфични актерски техники и процес на импровизација. Во работата ќе се истражуваат можностите за создавање на театар со слики и приказни од секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост. Низ ситуации и театарски игри, со лицата со интелектуална попреченост се создаде материјал, кој ќе биде дел од драматургијата во театарскиот перформанс ,,Бакнати од сонцето“

Акцентот ќе биде ставен на нивната способност да бидат изведувачи- перформери и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин.