Премиера на аматерскиот филм „ФИ“ во МКЦ

Вечерва во 20:00 часот, во Џебното кино на МКЦ,  премиерно ќе биде прикажан аматерскиот фим „ФИ“ на авторот Владимир Најдовски. По трет пат, непрофитната „Филмофилска продукција“, формирана од млади филмофили, прави обид да ја збогати македонската кинематографска сцена со визуелна естетика која не е во рамките на професионалниот филм, а нуди алтернативни решенија во кадрирање, монтажа, музика и сценска игра.

 Аматерскиот филм може да биде и 100 % авторско дело. Недостатокот на ресурси прави да користиме веќе постоечки елементи кои можат да се преземат бесплатно од интернет. Но во последниот филм се обидовме да ја одбегнеме таквата пракса и делумно успеавме“, вели режисерот Владимир Најдовски.

Камера: Владимир Најдовски и Марина Аврамовиќ
Сценарио и Режија: Владимир Најдовски
Монтажа: Марина Аврамовиќ
Оригинална Музика: Горан Москов
Звучни Ефекти и Монтажа на Звук: Горан Москов

Глумци: Благоја Андреев, Бојана Тосковска, Ива Парлапанов,
Бојан Вачков, Елена Тарчуговска, Милена Спасовска
Никола Виларов, Каталин Богоева, Влатко Чаловски
Филип Алексовски, Златко Поповски, Игор Јованов, Радомир Станиславски, Владимир Најдовски.