Преку сто илјади граѓани во Прага протестираа против премиерот Бабиш

Над сто илјади луѓе синоќа се собраа во центарот на Прага да бараат оставка од премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, кој е обвинет за злоупотреба на функцијата.

Организаторите оценија дека тоа биле најголемите демонстрации од падот на комунизмот за време на Кадифената револуција во 1989 година.

Граѓаните бараат вонредни избори и нов премиер, бидејќи Бабиш, кој е еден од најмоќните луѓе во Чешка со богатство од неколку милијарди долари, е во судир на интереси преку својата поранешна бизнис империја. Тој се обвинува за злоупотреба на преку 2 милиона долари субвенции од Европската Унија.

64 годишниот Бабиш ги отфрла овие обвинувања, посочувајќи дека станува збор за „политички процес“.