Признавањето на државните одговорности за војните од деведесетите, но и личните признавања, како припадници од оваа нација или оваа етничка заедница, за конфликтите и убиствата на територијата на екс Југославија, беше најголем предизвик за учесниците на овогодинешниот, трети по ред, Балкански семинар за млади амбасадори во Белград. Организиран од Младинскиот Образовен Комитет во Белград, годинава за прв пат учествуваат и четворица македонски претставници.
„Сите ги знаевме неправдите и злосторствата кои ни беа нас нанесени како етнички припрадници на одредени групи, а само малку знаевме за неправдите кои беа нанесени од страна на нашите етнички групи врз другите. Да признаеш неправда направена од “своите” беше когнитивно непоимливо и емоционално застрашувачко. Па на крајот, нели патриотизмот не е криминал? Но што ако е заслепен?“, вели Александра Савевска која беше учесник на семинарот.
Таа вели дека времето за помирување беше вчера, но никогаш не е доцна.
„Помирување ни е потребно за да престанеме да живееме во минатото и да изградиме иднина на почит и толеранција. Правдата без емпатија и толеранција е како автомобил без воланот, секогаш ќе ве одведе во погрешна насока“, додава Савеска.
Целта на семинарот беше да се согледат различните перспективи и сослушување на различните мислења, кои се многу значајни за политичките и социјалните решенија на регионот, но и за европската иднина. Во текот на програмата посетени беа неколку позначајни институции, како Белградскиот парламент, канцеларијата на Белградскиот суд за воени злосторства, Хуманитарниот центар за правда и невладината организација за европска мобилност.
„Да се биде Младински амбасадор за помирување значи да веруваш, а потоа и да дејствуваш кон регионалното помирување. Одговорноста е пред се во вољата да погледнеш надвор од кутијата. Да говориш за толеранција и почит и влезеш во мултиетнички дијалог и го надминеш говорот на омарза и дискриминација“, вели македонската учесничка.
Наталија Јосифоска