Прекрасни слики кои покажаа зошто жените треба да го сакаат своето тело

Сите жени треба да си го сакаат телото – независно од возраста. Ова е слоганот зад фото-серијалот на блогерката  Jes Baker и Jade Beall – фотограф, во пресрет на априлската конференција „Body Love Conference“ на Универзитетот во Аризона.

Тие побарале жените да позираат заедно со своите мајки, ќерки, баби и секоја од нива требало да ја заврши реченицата „Треба да го сакам своето тело бидејќи…“.

„Како жени, нас жените во семејтвото, честопати не учеле како да се чувствуваме во нашите тела“, вели Baker за Huffington Post.

„Да ги собереме заедно во различен стадиум од нивните животи и да зборуваат за оваа тема повторно беше неверојатно искуство за сите нас“, додава таа.

Beall пак позната по проектот „A Beautiful Body” е посветена на тоа да ги разбие предрасудите и начинот на кој жените се гледаат себе си. Целта и на овој проект е жените да го прифатат своето тело и да го сменат своето однесување кон себе си.

Еве дел од фотографиите и изјавите на жените кои се најдоа во нив:

1

„Треба да си го сакам телото бидејќи да се сака своето тело е вистинско ослободување“, Sara 31.

„Да си го сакам телото бидејќи ми носи вистински момент на комфорт“ Marcia, 60.

„Неа и треба љубов кон своето тело бидејќи никогаш не треба да почуствува омраза кон него“, за Olivia, 14 месеци.

2

„ Ми треба љубов кон моето тело бидејќи сакајќи го, правам простор за жените од мојата четврта генерација да се сакаат себе си“,  Socorro, 65.

„Ми треба љубов кон моето тело бидејќи тоа е неопходно за моето битие и за да живеам слободно и ислолнето“Anna, 42.

„ Ми треба љубов кон моето тело бидејќи јас сум чудо кое заслуува безрезервна нежност“, Desiree, 22.

3

„Го сакам моето тело бидејќи ме донесе толку далеку“, Ofelia, 83.

„Ми треба  љубов кон моето тело бидејќи како што стареам, сфаќам дека премногу време сум трошела на грижа за моето тело“, Diane, 55.

„Ми треба  љубов кон моето тело бидејќи заборавам дека тоа е совршено бидејќи сум жива и здрава“, Ondrea, 22.

4

„Ми треба  љубов кон моето тело бидејќи кога се сакам себе си имам храброст да се борам за своите соништа“, Shirley, 68.

„Ми треба љубов кон моето тело бидејќи тоа ме потсетува која сум јас навистина…и колку сум убаво создадена“, Kim, 47.

„Ми треба  љубов кон моето тело бидејќи начинот на кој го гледам своето тело влијае врз тоа како јас влијаам на светот. И.. сакам да живеам исполнет живот“, Jes, 27.

5

„Ми треба  љубов кон моето тело бидејќи не сум задоволна од својата тежина“Irma, 95.

„Ми треба  љубов кон моето тело  бидејќи никогаш не сум била задоволна од своето тело“, Roberta,  70.

„Ми треба  љубов кон моето тело  бидејќи потрошив премногу време на мразење на своето тело“, Joanna, 45.