Вработените во Македонски железници – Транспорт и новиот в.д. директор на претпријатието постигнаа договор за исплаќање на заостанатите плати, со што е прекинат двонеделниот штрајк на железничарите. Товарниот железнички сообраќај во Македонија треба да профункционира попладне во 16 часот, а од утре и патничкиот.
Протестот 13 дена целосно го блокираше железничкиот сообраќај во земјава. Додека траеше штрајкот, оставка даде генералниот директор на МЖ-Транспорт, Никола Костов, а за в.д директор беше поставен Игор Коруноски.
Покрај од раководството апели да прекине штрајкот поради еконоските штети имаше и од Владата. Тие одлучија да се зголеми директната помош за оперативното работење на Железницата за 70 милиони денари на годишно ниво. Овие средства, од Владата, ги условија со враќање на работниците на работа.