Преименуваните училишта во Чаир со старите имиња во свидетелствата

„Рајко Жинзифов“, „Јане Сандански“, „Цветан Димов“ и „Никола Вапцаров“. Со овие имиња на училиштата околу 4.000 основци од Чаир ќе ги добијат свидетелствата на крајот на месецов, јавува телевизијата 24 вести.

Кадри Агуши, директорот на преименуваното основно училиште „Исмаил Ќемали“, во изјава за телевизијата, вели дека во интерес на учениците ќе го почитува законот и на свидетелствата ќе стои името на „Рајко Жинзифов“, иако од почетокот на учебната година, училиштето има табла со друго име.

Според Државниот просветен инспекторат, новите имиња на училиштата се незаконски и не можат да фигурираат на официјални документи.

Покрај чаирските, на почетокот на учебната година беа преименувани и едно основно и едно средно училиште во Дебар. И за нив важат истите законски решенија, потенцираат од просветниот инспекторат.