Предупредување откако биле најдени 75.000 „избришани“ фајлови од користени УСБ уреди

Даночни пријави, договори и банкарски извештаи беа меѓу „избришаните“ фајлови кои ги пронашле истражувачите на универзитетот Абертај кои ги испитувале користените УСБ уреди.

Истражувачите за компјутерска безбедност откриле околу 75.000 фајлови откако на старо купиле 100 УСБ уреди од една интернет-страница. Некои од нив содржеле датотеки со име „лозинки“ и слики со вградени податоци за локацијата.

Податоци немало само на два уреди. На останатите, тимот на истражувачи посочил дека дека било „загрижувачки лесно“ да се откријат податоците.

Истражувачите користеле „јавно достапни алатки“ за да ги вратат чувствителните информации. Тие велат дека само 32 од уредите биле правилно избришани.

Делумни датотеки биле извлечени од 26 уреди, а целосни биле извлечена од преостанатите 42 УСБ уреди.

За многу од извлечените датотеки се утврдило дека се „висока доверливост“.

Професорката Карен Рено, од одделот за сајбер безбедност на Абертај, рече дека откритието е „крајно загрижувачко“.

„Несовесен купувач може да ги користи обновените датотеки за пристап до сметките, ако лозинките се сè уште валидни, па дури и да ги испроба лозинките на другите сметки на лицето со оглед на тоа што повторната употреба на лозинката е многу раширена“.

Проф. Рено рече дека многумина не ни би биле свесни дека оставиле податоци на УСБ-то, верувајќи дека трајно ги избришале информациите.

„Има слободно достапен софтвер кој може трајно да ги избрише УСБ уредите, па затоа, доколку продавате, навистина препорачуваме да го користите“.

Истражувањето го водел студентот Џејмс Коначер за неговиот мастер проект.