Предновогодишна размена на книги во СЦ „Дуња“

Во Социјалниот центар „Дуња“ во четврток (26 декември) меѓу 18 и 20 часот ќе се одржи предновогодишна размена на книги.

„Оние кои читаат книги живеат илјадници животи! :) Ве покануваме да ја заокружиме 2019-та година со книжевна дружба и да споделиме впечатоци за книгите што ќе ги размениме“, стои во најавата за настанот на „Коприва Колектив“.

Според организаторите, правилата на игра се едноставни: секој учесник зема максимум онолку книги колку што донел (за секоја донесена книга ќе добие купон за размена).

„Можеби токму тука ќе најдете супер новогодишен подарок!“, велат од „Коприва Колектив“.