Предновогодишен книжевен маркет

Македонската асоцијација на издавачи, во рамките на своите заложби за популаризација на книгата и на читањето, вчера го отвори својот Предновогодишен книжевен маркет лоциран во Рамстор мол, со најновата книжевна продукција на издавачките куќи кои се дел од Асоцијацијата.

На овој настан, кој ќе трае до 17 декември, љубителите на пишаниот збор ги очекува атрактивен избор на книги од популарни домашни и странски автори, стручна литература и интересни изданија за најмладите читатели. На едно место ќе можат да се најдат сите нови и најчитани изданија на ТРИ, Антолог, Арс ламина, Култура, Едука Мк, Сакам книги и Полица, достапни по поволни цени.

„Со овој настан МАИ ја продолжува традицијата да организира книжевни случувања во пресрет на новогодишните празници, со цел да потсети на важноста на читањето и вредноста на книгата како подарок за себе или за најблиските“, порачуваат од Асоцијацијата.