Предлог закон: Секој возрасен во Словенија ќе може да купи 10 грама марихуана

Словенечките социјалдемократи во иницираа закон за регулирање на канабисот со кој се пропишива дека секое возрасно лице ќе може да купи до 10 грама марихуана во аптека. Тие се надеваат дека до средината на месецов законот ќе се најде во парламентот, пишува Zurnal24.si.

Законот го ограничува износот за еден сопственик до десет грама. Теоретски, според овој закон секој би можел да купи по десет грама канабис дневно, под претпоставка дека во себе нема износ повисок од оваа количина.Ако има повеќе, ризикува со парична казна од 1.000 евра. Покрај тоа, со законот се забранува и подарување на купената марихуана бидејќи и во тој случај, законот предвидува глоба во износ од 1.000 евра.

Од друга страна пак словенечкиот експерт за наркотици, Милан Крек прашува границата е ставена на само десет грама и зошто нема никакви ограничувања на пример од 25 грама, ако марихуана е легална и не е штетни.

Со предложениот закон се предвидува марихуана да биде комерцијално достапна во аптеките, а дозвола за продажба ќе дава Министерството за здравство.

„Ако се е регулирано со закон, би продадавале марихуана. Аптеките мора да продаваат лекови одобрени во Словенија и кои се на располагање. Значи во словенечките аптеки, веќе некое време (ако имате валиден рецепт) може да се купат лекови на база на синтетички канабиноиди.” велат од љубљанската аптека Битенц.

Крек смета дека можноста за користење на марихуаната за медицински цели има многу позитивни ефекти врз пациенти. Сепак, тој е скептичен кога станува збор за личните потреби. Затоа и предупредува на многу отворени прашања, кои ќе мора да се одговорат.

„Првото е влијанието на канабисот врз младите луѓе и влијанието на канабиноидите врз развојот на мозокот кај луѓе кои растат. Дали државата пред носење таков закон обезбедила дополнителни средства за реализација на програмите за превенција за намалување на употребата на марихуаната меѓу младите луѓе, кои ќе ја прифатат пораката дека канабисот не е штетен, но е потребна дополнителна превенција? “, прашува Крек и нагласува дека постои искуство кога станува збор за алкохолот и цигарите, каде што државата ги собира даноците, но е во загуба, бидејќи повеќе пари се трошат на лекување и рехабилитација на алкохол и болести предизвикани од пушењето.

Словенечкиот црн пазар на марихуана е тежок 20 тони, колку што се препродадава секоја година, а се проценува дека се движи помеѓу 140 и 200 милиони евра. Тоа,  се разбира, значи многу голем економски потенцијал.

„Со само делумна замена на црниот пазар, со регулирана продажба и легализација, од приход на ДДВ ќе се соберат над 20 милиони долари годишно.”, објаснува Крек и додава дека трошоците неопходни за спроведување на законот брзо ќе се повратат благодарение на значително повисоките приходи од ДДВ.

Социјалдемократите има две верзии на законот. Првата е порестриктивна бидејќи производство и трговијата на канабисот и неговите деривати би останале ограничени исклучиво во аптеките.

Вториот предлог е поблаг и дозволува возрасните да добијат одобрение за одгледување и за лична употреба. Се опфаќа и употребата на канабис во социјалните клубови, кој би требало да функционира на принципот со безбедни соби.

Социјалдемократската партија ја предложи поблагата варијанта на законот и се надеваат дека законот ќе биде доставен до парламентот во средината на февруари, под претпоставка дека коалициските партнери, ќе имаат и некои негативни коментари.