Предлог за внесување на сексуалната ориентација во Законот за заштита од дискриминација

Во ГЕМ Клубот во Старата Чаршија на 15ти мај во 11:00 часот, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Акција Здруженска и ФРИК ќе одржат прес конференција за промоција на Резимето на предлог промените за внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Предлог за внесување на сексуалната ориентација во Законот за заштита од дискриминација

Иницијативата за предлог измените е активност во рамките на проектот Член 3 “Солидарност и поддршка за подобрување на заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата” чија цел е подобрување на заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата преку промени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

На прес конференцијата ќе зборуваат: Драгана Дрндаревска– Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Уранија Пировска– Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, Сузана Гроздановска – Акција Здруженска, а модератор ќе биде Велимир Жерновски од Формацијата за развој на иницијативи во културата Ф.Р.И.К. – Скопје.