Предавање за Законот за слободен пристап на информации наменето за студенти

Во понеделник (4 јуни), во просториите на МИТ универзитетот во „City gallery“ во Центар ќе се одржи предавање за одредбите од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер и искуството со неговото спроведување.

Предавањето е наменето главно за студентите по новинарство, политички или правни студии бидејќи тие во иднина ќе бидат директно вклучени во креирањето на јавните политики. Сепак, предавањето ќе остане отворено и за останатите заинтересирани граѓани.

„Како еден од основните демократски механизми е и Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер. Слободниот пристап до информации помага да се промовира одговорноста и им помага на граѓаните да ја мониторираат владата. Исто така, го зајакнува статусот на медиумите и на граѓанското општество, а со тоа придонесува кон реформските процеси и демократизацијата“, посочуваат од Асоцијација за демократски иницијативи ADI кои во партнерство со Здружението за економско-општествен просперитет „Човекот пред се“, го спроведуваат проектот „Имаш право на соодветна информација“.

Предавањето почнува во 15 часот.