Предавање за Питер Брук и проекција на неговиот филм „The Tightrope“

Студентскиот парламент на Факултетот за драмски уметности во Скопје организира уште едно од низата алтернативни предавања, овој пат со наслов ,,Трагањето на Питер Брук по празниот простор’’, кое ќе го предводи проф. д-р Сузана Киранџиска.

Сите присутни ќе ја имаат можност да го погледнат уникатниот филм „Затегнато јаже“ ( „The Tightrope“) на Симон Брук. Филм кој ги втурнува гледачите во интимниот процес на работа со актерите на еден од најпочитуваните револуционери режисери на современиот театар Питар Брук.