На 20 јули 1969 година, преку 600 милиони луѓе го гледаа Нил Армстронг како ги прави првите чекори на Месечината.
Ова се смета за едно од најголемите достигнувања на човекот и технологијата во историјата.
Од тогаш поминаа 50 години и во сабота ќе се прослави овој историски момент на мисијата Аполо 11.
Скопското астрономско друштво ќе одржи кратко предавање, изложба на астро-фотографии и забава во кафулето КОТУР Скопје со почеток во 20 часот.