Предавање „Развој и рано препознавање на натпросечно интелигентни деца“ на Филозофски факултет

Предавање насловено „Развој и рано препознавање на натпросечно интелигентни деца“ на професорката Ана Фрицханд ќе се одржи на 19 февруари на Филозофскиот факултет во Скопје.

Предавањето го организираат од Менса Македонија и Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје

Предавањето ќе се одржи во Амфитеатар бр. 4 во 17 часот, а влезот ќе биде слободен за сите заинтересирани.