Предавање на Тони Китановски во Музеј на Македонија

Џез музичарот Тони Китановски ќе одржи предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ поставена во Музејот на
Македонија.

Предавањето насловено: „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“ ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20-от и 21-от век.

Воедно, предавањето ќе се темели и врз истражувањата и личните искуства на Тони Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години.

Предавањето ќе се одржи во кино салата на Музеј на Македонија во среда (21.11.) – 12:00 часот. После предавањето ќе следи водење низ изложбата „Духовите на Африка“.