Предавање на тема „Национализам, споменици и идентитет на културата“

Во среда (15.02) со почеток од 19:30 часот во ГЕМ Клуб ќе се одржи предавањето „Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“, од страна на Линеа Вест, кураторка и координаторка на програмата C-MAP на Музејот на современа уметност (МоМА) во Њујорк.

Првиот дел од ова предавање се однесува на нејзиното истражување во национализмот и постсоцијалистичките споменици низ призмата на историјата на уметноста. Спомениците се користеле и користат за да се формира национален идентитет преку поправањето на колективната меморија во долгорочна културна меморија.

Примерите како паркот „Мементо“ во Будимпешта и „Скопје 2014“ покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злупотребуваат формата на споменик.

Вест, во овој случај се запрашува дали местата ненамерно имаат ехо од естетиката на социјалниот реализам и дали тие прават разлика меѓу вистинската и лажна меморија.

Вториот дел од ова предавање ќе разгледува како уметничките заедници во Њујорк и Будимпешта се организирале во отпор кон десничарскиот авторитарен национализам со стратегии кои ја истакнуваат граѓанската активност и протест.

Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик.

Линеа Вест е писателка и кураторка која живее и работи во Њујорк. Таа ја координира глобалната истражувачка програма „Современи и модерни уметнички перспективи“ (C-MAP) на Музејот на модерна уметност во Њујорк. Таа е исто така уредник на post, веб страницата на музејот која е посветена на уметноста и историјата на мдоернисмот во глобален контекст.

Вест е магистер по историја на уметност од Универзитетот во Грузија. Во 2012 – 2013 год. таа била добитник на Фулбрајт грант за да го истражува националниот идентитет во современата унгарска уметност во Лудвиг Музејот за современа уметност во Будимпешта.

Предавањето на Линеа Вест е дел од серијата настани кои се поврзуваат со наградата ДЕНЕС, награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Наградата ДЕНЕС во Македонија е организирана од страна на Центар за современи уметности – Скопје уште од 2002 год. а во 2015 год. како партнер организација се вклучува и организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје.