Предавање на Ена Абјаниќ како дел од „Филозофски истражувања“

Во рамките на серијалот предавања наречен „Филозофски истражувања“ во кој се изложуваат резултатите од новоодбранетите магистерски и докторски трудови од областа на филозофијата, Филозофско друштво на Македонија го најавува предавањето на м-р Ена Абјаниќ на тема „За бесмртноста на душата кај Св. Аврелиј Августин и кај Св. Тома Аквински“

Предавањето ќе се одржи во среда, на 2 март, во Библиотеката на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет – Скопје.

Почетокот е најавен во 12:00 часот, а влезот е слободен.